Уапсен маж, ограбил жена додека се качувала во автобус

Маж бил фатен додека ограбувал скопјанка. Тој и го украл паричникот додека се качувала во автобус.

– Вчера, околу 14.05 часот, на автобуска постојка на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит-пазар, го лишиле од слобода И. С. (56) од Скопје. Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М. М. (38) од Скопје при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица, информираат од МВР.

По насоки од јавен обвинител, против него била поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.

Претходна вестДваесет годишно момче прегази пешак во Тетово
Следна вестНад 5 илјади мистериозни труења на ученици во Иран