Уапсен тетовец кој ограбувал казина

Полицијата вчера уапсила млад тетовец кој ограбувал казина. Тој се сомничи за три сторени кривични дела.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10.04.2023) околу 16.15 часот во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Е.И.. Тој се сомничи дека на 9/10.04.2023 извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово. Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства, информираат од МВР.

Со соодветен поднесок со кој ќе бидат опфатени трите сторени кривични дела, тој денеска во координација со Јавен обвинител ќе биде изведен пред судија во Основниот суд Тетово.

Претходна вестОпштина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на трите момчиња
Следна вестИскршените скопски клупи ја бараат комуналната полиција