Ербен Бојку и Бесник Бојку, синови на Дилавер Бојку, кој беше убиен во 2017 година, се уапсени синоќа во полициската акција што е спроведена на патот Струга – Дебар. Полицијата го извршила апсењето пред влезот во струшкото село Велешта каде, инаку, живее семејството Бојку.
МВР се уште не соопшти детали за акцијата. Неофицијално се дознава дека Ербен Бојку се бараше по неколку внатрешни и една меѓународна потерница по наредба на Основниот суд во Струга за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела. Тој е осуден на затворска казна од 21 година. Неговиот брат Бесник Бојки е приведен поради поседување на оружје.
Нивниот татко беше убиен со куршум во глава пред негова кафеана во Струга, а беше во затвор поради нелегална проституција во селото Велешта, Струшко.