Денеска околу 10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.М.(35) од гостиварска Долна Бањица, 37-годишната Л.А. од гостиварско Врапчиште и 25-годишната М.Ш. од Прилеп, кои ноќеска (7 март) околу 2 часот биле пријавени од 27-годишниот гостиварец А.Р. дека на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар физички го нападнале и со остар предмет го повредиле.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.