Уапсени три лица кај Маково, во возилото имале две пушки, 50 куршуми…

На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола, соопшти МВР.

-При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, се наведува во соопштението.

Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР
Следна вестСиљановска Давкова: ЕУ да не го вознемирува националниот идентитет на Македонците