Тројца македонски државјани, од кои едниот имал и српско државјанство се уапсени во Белград по сомнение дека извршиле повеќе кривични дела тешка кражба.
Уапсените се на возраст од 23, 24 и 31 година, а српската полиција ги сомничи дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а до обвинителството во Белград ќе бидат поднесени и кривични пријави против нив.