Фатен крадец кој оперирал во Скопје. Имено, во вечерните часови на 14 јануари полицајци од полициската станица Карпош го уапсиле 41-годишниот М.Р. од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.
Од МВР информираат дека украдените предмети му биле одземени, а провалникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за тешка кражба.