Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад. Контејнерите ќе бидат поставени на три локации – на бул. „Февруарски поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“2, во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 и кај стара Стела во Аеродром.
-Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут. Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период, соопштија од општина Аеродром.
Сега останува на самите аеродромци да си прегледаат по дома што кабасто им е за фрлање и да го сторат тоа на определените места, а не насекаде низ општината правејќи мини диви депонии.