Убаво: Камионџиите и станарите кај Зелен пазар добија одделни паркинзи

Две нови паркиралишта во рамките на Зелен пазар денеска отвори ЈП Паркинзи на општина Центар согласно на неодамна постигнатиот договор со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

-Го уредивме „дивиот паркинг“ позади Зелен пазар кој беше во хаотична состојба и нефункционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски Пазар и постави нов систем за контрола со влезно-излезни рампи. Од ова неуредено паркиралиште, ЈП ПОЦ направи две функционални паркиралишта, едното паркиралиште е наменето за товарните возила на пазарџиите, а другото за жителите на ул. „11-ти Октомври“ бр. 16, 18, 20, 22, 24, 26 и 28 и бул. „Кочо Рацин“ бр.32 и 38. Со отворање на овие паркиралишта, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови, се наведува во соопштнието на ПОЦ.

Во наредниот период, контролите на ова паркиралиште ќе бидат зачестени и сите нерегуларности ќе бидат санкционирани.

-Определивме простор за товарните возила кој од денес веќе е во функција и доколку нашите контролори затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани. Правилата и редот ќе мора да ги почитуваме сите, изјави директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски.

 

Претходна вестПак многу казни за возење без дозвола во Скопје
Следна вестЧетворица повредени во судир на возило и камион на патот Прилеп – Македонски Брод