Убаво: Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собранието

Нова пракса во новиот парламентарен состав. Имено, пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пристигнаа со велосипеди на денешната собраниска конститутивна седница.

-Денес, првпат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на законодавниот дом! Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна Република Македонија – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко дејтсвување. Борбата за правда е долга и племенита – и таа допрва почнува!, напишаа од партијата Левица на нивниот фејсбук-профил.

Да се надеваме дека ова ќе биде постојата пракса на овие двајца пратеници, а и показател за другите пратеници дека треба да заврши времето кога си ги полнеа џебовите со многу екстра пари за патни сметки.

Претходна вестЗа по половина денар поскапеа бензините
Следна вестНовозаразени се 75 лица, од вирусот починале 5 пациенти