За по половина денар поскапеа бензините

Покапување од по половина денар за бензините и исто толкаво поевтинување за дизел-горивото, е одлука која денеска ја донесе Регулаторна комисија за енергетика. Според неа, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60 денари за еден литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,351 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена. Така, сега новата цена на мазутот ќе изнесува 25,709 денари за килограм.

Претходна вестНајава за протести: Поскапување на струјата никој не спомена пред избори
Следна вестУбаво: Пратениците од Левица пристигнаа со велосипеди во Собранието