Убаво: Промовирана новата книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Цепај сине“

Македонија доби нова интересна книга која беше промовирана завчера. Имено, познатиот автор, Зоран Спасов-Ѕоф, го престави пред публиката своето ново дело „Цепај сине“.

Водителот на многупосетената промоција и журка – актерот Александар Микиќ, го нарече Ѕоф, современ Цепенков, и читаше делови од „Цепај сине“. Самиот автор пак истакна:

-Стануе збор за еден цепенковистички зборник што кај читателот треба да побуди шегобијни чу’ства, осеќаји, сенсои и филинзи. Ќе прочитате ствари што нит‘ сте ги чуле нит‘ сте ги виделе. За некои ќе треба да ги прашате вашите родители, доста од нив не постојат ни на ’Гугл‘, а најголемиот дел се непознати чак и за Институтот за македонски јазик. Но, едно е сигурно – или ќе ’цепате‘ или (нема да) живеете, посочи пред гостите Спасов-Ѕоф.

Инаку, книгата „Цепај сине“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Се работи за еден вид на толковен речник во манирот на претходната вече прилишно успешна книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе живиш у Скопје“.

Во оваа книга се застапени две илјади поими, изрази и фрази што на шеговит начин ги претставуваат скопскиот хумор и менталитет.

 

Претходна вестВикендов почнува зимското сметање на времетo
Следна вестТројца мигранти загинати во престрелка кај српско-унгарската граница