Убаво: Со реновирањето на старото кино Драчево доби и театар, сцена и матично

Со реновирањето на објектот на старото кино скопската населба Драчево денеска доби Дом на културата во кој на 1200 метри квадратни метри добија кино, театар, сцена, а во овој објект ќе биде сместена и Матичната служба. Во обновата вложени се над 42 милиони денари, со пари од Програмата за рурален развој и дел од општина Кисела Вода.

На отворањето присуствуваа министерката за култура Ирена Стефоска, градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Во овој простор ќе се развива културата во с. Драчево, но и во околните населби – населба Драчево, Зелениково, Студеничани. Тука ќе биде сместено и најстарото КУД „Китка“ од село Драчево, кое со години е репрезент на културата на Кисела Вода, на македонската култура. Во иднина ќе има и радосни настани преку Матичната служба. Сите ќе имаме можност да го посетуваме овој капитален објект, истакна градоначалникот Филип Темелковски.

Претходна вестПратениците и професори по право Апасиев и Силјановска кажаа мислење за Кацарска како уставен судија
Следна вестВо Македонија 1.275 нови случаи на Ковид-19, 13 лица починале