Убаво, завршен кружниот тек кај чаирската поликлиника

Завршен е новиот кружен тек во скопската општина Чаир кој ги поврзува улицата “Кемал Сејфула” со булеварот “Втора македонска бригада”. Се работи за кружна крстосница со надворешен радиус од 11,5 метри, со асфалтна површина од околу 3.800 квадратни метри, водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација и улично осветлување.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека е изведена и велосипедска патека околу кружниот тек која во наредната фаза ќе продолжи по улицата „Кемал Сејфула“.

о изградбата на овој кружен тек ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на вкрстувањето на овие две улици, но и ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од општината, особено заради фактот што во непосредна близина се наоѓаат поликлиника Чаир, ОУ „Петар Здравковски Пенко“ и средното економско училиште „Арсени Јовков“, рече тој.

Претходна вестПоскапуваат бензините
Следна вестФилипче: Владата утре ќе решава за полицискиот час, заразените се од семејни собири