Филипче: Владата утре ќе решава за полицискиот час, заразените се од семејни собири

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата утре да дискутира за евентуална рестрикција на движење на граѓаните. Ова го најави Венко Филипче, министер за здравство.

Инаку, медиумите претходно јавија дека предлогот на Комисијата ќе биде полициски час во неколку општини Скопје, Штип, Тетово, Куманово… да биде од 22 часот навечер па до 05 часот изутрина следниот ден.

-Во изминативе денови ги тестираме контактите на веќе заболените лица во кризни жаришта. Најголем број на заболените се на семејни собири одржани на 23, 24 и 25 мај, објанси Филипче.

Тој додаде дека голем број на заболените се со лесна клиничка слика и дека само осум пациенти се на респираторни машини.

-Околу 65 процент од заболените во Скопје се поврзани со познати случаи. 90 процените на заразените се од 41 познат кластер. Непочитувањето на мерките за заштита е главна причина за заразувањата. И ширењето по други општини е од причина што градот е една целина. Успеваме да  го амортизираме првиот бран но непочитувањето на мерките ни донесе втор бран, рече Филипче

Претходна вестУбаво, завршен кружниот тек кај чаирската поликлиника
Следна вестФилипче: Имаме целосен увид во ситуацијата