Убедлива победа на Трамп во Ајова, еден од кандидатите се повлече

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за започна изборната сезона во САД, откако во Ајова ги доби гласовите за претседателски кандидат на Републиканската партија, пренесува Си-Ен-Ен. Телевизијата објави и дека голем број републикански конгресмени со симпатии кон Трамп изјавиле за станицата по објавувањето на резултатите од Ајова дека неговата победа таму е јасен сигнал до неговите ривали дека треба да се откажат од трката.

Според последните податоци, Трамп доби нешто повеќе од 56.000 гласови во пратеничката група во Ајова, речиси 33.000 гласови повеќе од второпласираниот Рон ДеСантис, гувернер на Флорида.

Ники Хејли, поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, го освои третото место со нешто повеќе од 21.000 гласови, а по неа е Вивек Равасвами со околу 8.500 гласови и Аса Хачинсон со само 191 глас.

Кога станува збор за бројот на освоени делегати на претседателските кандидати за конечната републиканска конвенција која на лето ќе ја објави личноста која во ноември ќе учествува во трката за Белата куќа во име на таа партија, Трамп е убедливо прв.

Тој доби 20 делегати, Десантис 8, Хејли освои 7, Равасвами 3.

На последната конвенција, републиканската претседателска номинација ќе ја добие кандидатот кој ќе собере најмалку 1.215 од 2.429 делегати доделени за време на пратеничката група и внатрепартиските избори.

Веднаш по изборите Вивек Рамасвами, одлучи да се повлече од трката и да го поддржи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

-Од овој момент, ја прекинуваме кампањата. Нема шанси јас да бидам следниот претседател, им кажа Рамасвами на своите поддржувачи.

Тој објасни дека од почетокот на кампањата, во која често пати беше обвинуван за поддршка на теории на заговор, ветувал дека ќе го поддржи оној кандидат кој „Америка ќе ја стави на прво место“, пишува Би-Би-Си.

Рамасвами затоа му се јавил на Трамп, кој синоќа убедливо победи во Ајова, му честитал и му кажал дека ќе го поддржи.

Тој вети дека нема да исчезне од политичката сцена, дека наскоро ќе се врати во кампањата во Њу Хемпшир и ќе дејствува во име на Трамп.

 

Претходна вестДивите депонии никако да изчезнат, скопските комуналци лани од нив отстраниле 10.617 кубни метри отпад
Следна вестНикола Кљусев ја водеше првата македонска влада, го направи денарот…