„Учебници и настава мора да има“ му дадоа рок на МОН до 1 октомври – после тоа бојкот

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ оваа недела ќе поднесе претставки до Антикорупциската комисија и до Народниот правобранител за да утврдат по кои законски прописи се воведе реформата за дигитализација и новата концепција за учениците од прво и четврто одделение.

Драгана Спасевска на денешната прес-конференција најави дека доколку до дадениот рок – крајот на септември не се обезбедат учебници за сите ученици, тогаш тие од 1 окомври ќе ја бојкотираат наставата, ќе одржуваат протести и се заканија и со блокирање на улицата пред Министертсвото за образование и наука.

– Имавме еднодневен бојкот, што беше предупредувачки и што беше во добар одѕив. Ние на самото Министерство му дадовме рок до крајот на септември да обезбедат учебници согласно законот за сите ученици во основното и средното образование, бидејќи според Законот за основно и средно образование што уште е во функција, треба да имаме бесплатно образование, односно комплетно бесплатни учебници треба да добие секој ученик на почетокот на учебната година. Дадовме можност и рок до крајот на септември да се достават учебници до сите ученици, во спротивно од 1 октомври ќе преземеме идни чекори како бојкот на наставата, протести, па и блокирање на улицата пред Министерството за образование и наука се додека оваа беззаконие се стави во функција на закон и да се почитуваат законите и правата кои што нам како родители не ни се дозволени, рече таа.

Таа додаде дека имаат информации оти има потешкотии во самата платформа за спуштање на учебниците, па родителите, како што рече, се принудени од својот џеб да даваат пари за копирање на учебниците за да им овозможат на своите деца да учат, иако им следуваат бесплатни учебници, печатени од МОН.

Таа најави дека граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ вечерва во 18 часот пред Собранието за првпат ќе организира јавна трибина за новите реформи во образовниот систем, на која се очекува да учествуваат професори и академици, стручни лица од повеќе области.

– Со трибината треба да ја доближиме вистината на македонската јавност, односно да не испадне дека ние родителите кои што сме примитивни ги кажуваме наши тврдења, вечерва ќе имаат можност да ги слушнат стручните лица кои што ќе ги образложат нашите барања и уставноста на законите кои што ги спроведува министерката овој период. Министерката нема да биде присутна. Искрено не ја поканивме, бидејќи ние очајно веќе неколку месеци бараме средба со неа и сме игнорирани. Овој пат оставаме стручноста да излезе на површина, иако таа е глува и за нив, рече таа.

 

 

Претходна вестУтре попладне и вечер затворен центарот на Скопје за сообраќај
Следна вестИма ли крај растот на починати: Денеска 41, единствено што е стабилно е бројот на заразени – 539 нови