Учениците почнаа да добиваат македонски јаболки од проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Од основните училишта во општина Центар вчера започна дистрибуцијата на домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик”. Со овој проект ќе се обезбедува здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта. Владата кон крајот на септември ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година.

-Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, соопшти министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Проектот предвидува секој ученик да добие по четири килограми јаболка од реколтата 2022 година, домашно производство. За реализација на Програмата се проектирани 20 милиони денари,(околу 323.000 евра) средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот.

Претходна вестКој е следниот странец што ќе дојде да ни каже: Сменете го Уставот, ама ништо не можам да ветам?
Следна вестСрбија се повлекува од самитите на Западен Балкан: „Срамна изјава на ЕУ…“