Полиција трага по возач кој својот автомобил удрил во жена по што избегал. МВР соопшти дека во СВР Скопје било пријавено дека на 02.03.2023 околу 17.45 часот на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во М.И.Ф.(62), по што го напуштило местото.
-Во несреќата М.И.Ф. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во приватна болница во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.