УХМР: Од утре променливо облачно, на повеќе места пороен дожд

Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално врнежите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.

Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Претходна вестВо сообраќајка загина 72-годишен велосипедист, во него удрило товарно моторно возило
Следна вест„Пријателство“ нов албум на Симон Трпчески за британски „Лин Рекордс“