Во сообраќајка загина 72-годишен велосипедист, во него удрило товарно моторно возило

Загина 72-годишен велосипедист, откако во него удрило товарно моторно возило. Тој починал на лице место

Вчера во 15.25 часот било пријавено дека во Гостивар на раскрсница од улицата „Беличица“ со булеварот „Гоце Делчев“, товарно моторно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.К., на возраст од 56 години, од село Беловиште, удрило во велосипед управуван од Т.Ј., на возраст од 72 години, од село Чајле. На местото на несреќата починал велосипедистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

Претходна вестДокументите на Пентагон: Вашингтон го предупредувал Киев да се повлече од Бахмут
Следна вестУХМР: Од утре променливо облачно, на повеќе места пороен дожд