УХМР: Времето денес сончево и топло со температура до 21 степен, од утре дожд

На подрачјето на Скопје времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Тепмпературите ќе се движат од 1 до 19 степени.

На територијата на Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 0 а максималната 21 степен.

Во текот на утрешниот ден од УХМР најавуваат врнежи од дожд низ целата заемја, особено попладне и во текот на вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни.

Претходна вестСлушнете ја новата химна на многу скопски генерации
Следна вестПрвата македонска Влада беше експертска и краткотрајна, формирана е на денешен ден пред 32 години