Улицата „Бојмија“ зад ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром ќе биде еднонасочна

Еднонасочна станува улицата „Бојмија“ зад трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската општина Аеродром. Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на оваа улица во правец кон Железничката станица, наведено е во соопштението од Општина Аеродром.

Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците – изјави градоначалникот Златко Марин.

Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Претходна вестСедење позади решетки е лекот за решетката на улица „16-та Македонска бригада“
Следна вестСудот им ги одзеде пасошите на Лидија Димова и на поранешен соработник во Националната агенција