Седење позади решетки е лекот за решетката на улица „16-та Македонска бригада“

Ниту 24 часа по поставувањето, не издржа решетката на улицата „16-та Македонска бригада“ во скопската населба Автокоманда. Веднаш е украдена.

Непознат сторител или повеќе лица, ја украле решетката која беше поставена на местото на претходната која, исто така, ја снемало. Кражбата, најверојатно, е извршена во текот на ноќта. Претходно, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја поставија решетката за да фреквентниот сообраќај на оваа улица кај кружниот тек во Автокоманда се одвива безбедно.

За овој случај на својот профил на социјалната мрежа информира и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Вчера екипите на Улици и Патишта поставија нова решетка на ул. 16-та Мак. Бригада по укажување на граѓаните дека недостига. Утрово, повторно е украдена. За жал, градски сообраќајни камери нема во близина, па случајот ќе биде пријавен во полиција, а нова решетка повторно ќе биде поставена. Вандализмнот и кражбите се сериозен фактор во градските политики и реконструкции. Понекогаш, ваквите кражби можат да имаат сериозно влијание врз безбедноста на улиците, па дури и да предизвикаат жртви, предупреди градоначалникот.

Очигледно е дека треба некој крадец да оди позади решетки, за да престане да ги снемува решетките. Но, тоа ретко се случува.

Претходна вестВладејачките пратеници не сакаат дискусија за заеднички национален став по бугарскиот меморандум
Следна вестУлицата „Бојмија“ зад ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром ќе биде еднонасочна