Колумна на Пеце Лозанов:
Како се наближуваа општинските избори така сме сведоци за секојдневни препукувања, ветувања од страна на политичките парти, како ќе ги решавале проблемите на граѓаните (особено прашања за сообраќајот). За сообраќајните проблеми како воопшто да не се води сметка, односно на сите се слуша избори истото. Се слушаат ветувања дека ќе го подобреле ќе направеле “вака или така“ и пак останува на истото, неколку улички асфалтирани, неколку знаци, обоена хоризонтална сигнализација, на првиот дожд избришана – мислиш со “јогуртче“ ја поминале. Зошто политичките партии не се истакнат со “тимови“ за клучни решенија, пример, за прашањата врзани со сообраќајот. Ајде да ги видиме тие лица со кој партиите мислат дека ќе ги решат сообраќајните проблеми?! А, сигурно, за такви решенија е потребен “тим“ составен од врвни личности од сообраќајната област.
Сега актуелност е велосипедизмот, па заради тоа сите политички партии алудираат на таа тема т.е. ветуваат велосипедските патеки. Но, прашајте ги дали прават разлика помеѓу велосипедска лента или велосипедска патека?. Инаку, сообраќајот никогаш не може да биде идеален тој се решава секојднево, според потреби и случувања. Само еден пример, во преградие на Холандија за три години е три пати променета велосипедската патека.
Тоа само ни укажува за потребата и неопходноста на сообраќајните инженери, секојдневно е потребно решавање на сообраќајните проблеми и потреби, бидејќи сите ние сме дел од сообраќајот и сите се соочуваме секојдневно со тие проблеми. Пред избори “сите“ ветуваат, електрични автобуси, хибридни, тролејбуси, трамвај, катни гаражи … а со своите паноа или билборди поставени на самите крстосници ја намалуваат прегледноста, со тоа ги изложуваат во опасност учесниците во сообраќајот, иронијата да биде поголема ги “заврзале“ со синџири!?
Може во овој момент да се набават и “најдобрите“ возила кој се на пазарот за јавен градски превоз или “најсофистицирани“ катни гаража или “дигитализирани“ патишта …., се додека имаме по улиците возила што не смеат да се движат во сообраќајот, како на пример, специјализирано возило за сечење на огревно дрво!? И за нивното движење мора да се најде решение.
Да не зборам за неправилната сигнализација на патиштата. Имаме неправилности со светлосната сигнализација (некоординирани семафори), несоодветни или неправилно поставени сообраќајни знаци во населените и вон населени подрачја, неправилна хоризонтална сигнализација (испрекината надолжна линија, преправена во полна во некои места имало дури случаи до три надолжни линии или повеќе “стрелки“ за насочување на сообраќајот (една врз друга)).
Овие избори, без разлика кој би бил победникот (претпоставувам “сите“ табора ќе прогласат победа), ќе имаме неколку уличка преправена или санирани, неколку паркчиња, нови возила за јавните претпријатија …. сите тие би ги нарекле – тендери!