Уште 12 лица ја изгубија битката со ковид, 550 нови заразени

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г,  87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г),  Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четри починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021: од Скопје (1), Куманово(1), Битола(1), и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои 1 е починато во болнички услови , а 3 се починати во домашни услови.

Направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на КОВИД-19, што е 18 отсто од бројот на тестирани:

Скопје – 214, Битола – 58, Куманово – 30, Кавадарци – 27, Велес – 26, Тетово – 23, Штип – 22, Прилеп – 19, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Пробиштип – 11, Кичево – 9, Струмица и Неготино – по 8, Гевгелија, Радовиш и Кратово – по 7, Берово и Крушево по – 6, Охрид, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Македонска Каменица – по 2, Богданци – 1.

Регистрирани сe 390 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, на починати е 7.194, а бројот на активни случаи изнесува 7.275, од кои 3.508 во Скопје.

 

Претходна вестАмерикански држвјанин нокаутирал тројца полицајци во полициска станица
Следна вестМинистерството за локална самоуправа бара советите да го почитуваат уставното име