Уште еден проект за осовременување на ромските населби – ни прв ни последен, но условите и натаму очајни

Со 3,2 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2 на Европската унија, Владата ќе ги подобрува условите во населбите каде доминантно живеат Роми.

Се работи за проекти во Прилеп, Битола, Штип, Берово и Кичево. Во следните три години тоа ќе значи да се легализираат ромски домови, да се подобри инфраструктурата во ромските населби, да се изградат нови куќи, вработување на младите Роми и поддршка на учениците Роми со туторство.

Според анализата, 700 ромски домаќинства во Прилеп, 1.о27 во Штип и 40 во Берово живеат моментално во дивоградби, а такви имоти во Битола имаат 5.000 Роми.

Планот за нови живеалишта опфаќа 50 куќи во Штип, 30 станови во Кичево, и реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово.

Инаку, ова не е прв ваков проект чија цел е условите во кои живеат Ромите во целата држава да се подобрат.

Но и покрај сето тоа, овие наши граѓани и натаму живеат во услови полоши од останатите – населби кои се со нерешен статус и без основна инфраструктура, а повеќе од 50 проценти од семејствата живеат со уште едно семејство заедно во простор од два до пет метри квадратни, од кои половина немаат услови за лична хигиена и вода во своите домови.

Претходна вестЕдинствено се знае дека вакцинацијата ќе почне со кинески вакцини, но кога?
Следна вестВо Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој