Темен режим Режим на светлина

Единствено се знае дека вакцинацијата ќе почне со кинески вакцини, но кога?

Вакцинацијата против ковид-19 во земјава ќе започне со кинеските вакцини, но кога ќе се случии тоа, министерот за здравство Венко Филипче не сака да шпекулира.

Рече дека се работи за 200 000 вакцини, договорени директно меѓу кинеската компанија и Министерството, за кои транспортот ќе го организира нашата држава.

Први кои ќе се вакцинираат ќе бидат здравствените работници, по што ќе следуваат и сите други категории граѓани. Вакцината, како и останатите, се дава во две дози.

Тој додаде дека продолжуваат и контактите со „Фајзер“, а од претставништвата во Белград и во Романија се чекаат документите за да се дозволи Србија да ги извезе кај нас.

Филипче потенцира дека сите вакцини што се на пазарот се безбедни, развиени на безбедни платформи и додаде дека нашата земја нема задршка кон ниту една.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Во БиХ уапсени шестмина цариници поради примање мито

Следна објава

Уште еден проект за осовременување на ромските населби - ни прв ни последен, но условите и натаму очајни