Уште еден црн ден: 8 пациенти починале од вирусот, 94 се новозаразени

Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Половина од пациенти се од Скопје-49, Куманово 2, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 2, Гостивар 13, Кочани 2, Свети Николе 9 и Кичево 2.

-Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево, се наведува во објавата.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип 1, Прилеп 8, Тетово 1, Велес 3 и Кочани 2.

Досега во Македонија се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619, информира министерот.