Македонскиот претставник во четвртфиналето од Европскиот куп во женска конкуренција, Ѓорче Петров претрпе уште еден убедлив пораз (18:37) во реваншот против шпански Елче.
Ракометарките на Ѓорче Петров дадоа отпор во првото полувреме кое гостите го добија со 16:10, но во второто Елче целосно доминираше и стигна до убедлив триумф.
Најефикасна во редовите на македонскиот тим беше Емилијана Ризоска со четири гола, Ива Божиновска постигна три, додека Клара Гаско десет пати ја погоди мрежата на Ѓорче Петров.