На социјална мрежа „Ток ток“ повторно е споделено видео со скандалозна содржина. Овојпат, на оваа социјална мрежа се шират видеа како граѓани се фалат дека не плаќаат патарини искористувајќи полициска значка и палка. Не е познато дали се работи за припадник на некоја полициска или друга безбедносна институција.
На видеото, за кое се наведува дека е снимено на наплатната рампа на автопатот Скопје – Гостивар, јасно се гледа како тоа лице поминува на патарина покажувајќи ја службената легитимација.