Велосипедист тешко повреди пешак

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на булеварот „Партизански одреди„ во Скопје.

-М.Ч.(62) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако вчера била удрена од велосипед управуван од Н.Ш. (60) од Скопје. Несреќата се случила околу 12:15 часот на бул.„Партизански одреди“, а повредите кај жената се констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестУште едно скандалозно видео на „Тик ток“: Со полициска значка си поминува без патарина
Следна вестВо скопски ковид центри има 159 слободни болнички легла