Успешна акција на „Лајка“ – спасен Далматинец од Вардар

Успешна спасувачка акција викендов имале ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ откако било пријавено и лоцирано куче од расата Далматинец паднато во  Вардар.

Како што информираат од „Лајка“ кучето било уплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација. Но, благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето било извлечено на брегот и е згрижено во прифатилиштето, сѐ до пронаоѓањето на сопствениците.

-Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво, апелираат од „Лајка“.

Претходна вестПратенички листи на ВМРО – ДПМНЕ: Мицкоски носител во ИЕ1, Мисајловски во 2, Ковачки во 3, Николоски во 4, Стојановска во 6-ка, одлука нема само за „петката“
Следна вестОд ноќеска на полноќ горивата минимално поевтинуваат