Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Сарај

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров и Сарај, се вели во соопштението од РЦУК на Град Скопје.

– Од 05:00 до 07:00 часот, без струја ќе биде дел од село Волково во Општина Ѓорче Петров и селата Кондово, Горно и Долно Свиларе, Грачани, Радуша, Дворце, Копаница, Рашче, Бојане, Сарај, Глумово, Грчец, Шишево, Арнакија, Паничар и Раовиќ во Општина Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во понеделник, на 11 септември, без струја ќе бидат дел од општините Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош.

-Од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром, од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од нас. Волково, поточно улиците бр. 22 и бр. 60. во Општина Ѓорче Петров, а од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Ванчо Мицков во Општина Карпош, соопштија од РЦУК на Град Скопје.

Во вторник, на 12 септември, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Илинден.

-Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Московска“, „Лондонска“, „Бриселска“ и „Гаврил Лесновски“ во Општина Карпош, а од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Марино во Општина Илинден, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.

Претходна вестОд вторник започнува „Карпошово културно лето 2023“
Следна вестТуристите за влез во Венеција ќе мора да платат 5 евра