Утре и задутре „Свети Спас“ организира собирни пунктови за храна – магационот е речиси празен

Од Хуманитарната организација „Свети Спас“-Скопје денеска ги повикуваат сите хумани граѓани да одговорат на нивниот повик за собирање на донации во храна.

– Од оправдани причини, магацинот подолг период не функционираше со полн капацитет и во моментов речиси е празен, немајќи доволно донации за семејствата од нашата програма за помош. Од таа причина приморани сме да направиме збирна акција пред маркетите надевајќи се дека ќе одговорите на нашиот повик и дека ќе собереме доволно храна за да можеме да продолжиме со нашата борба против гладот во Македонија, велат од организацијата.

Акцијата ќе се спроведе утре и задутре на следните локации:

Сабота од 12.00 часот до 20.00 часот

  1. ГИГО МАРКЕТ- ДРАЧЕВО
  2. СУПЕРТИНЕКС НА ПРВОМАЈСКА
  3. ВЕРО ЏАМБО – ЦЕНТАР
  4. ВЕРО 2 – ТАФТАЛИЏЕ
  5. ТИНЕКС – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Недела од 12.00 часот до 20.00 часот

  1. ВЕРО ЏАМБО – ЦЕНТАР

– Ве покануваме на нашите пунктови да ја изразите вашата поддршка кон мисијата на нашата организација со донации во храна и хигиенски средства, а ве замолуваме да ги означите градоначалниците, политичарите, директорите и сите оние кои би можеле да се вклучат и да помогнат акцијата да биде успешна и да собереме доволно храна. Се гледаме на нашите пунктови, се наведува во повикот од хуманите луѓе од „Свети Спас“.

 

Претходна вестМакедонија за првпат ќе има натпреварувач на Европско првенство во скок во далечина
Следна вестЛани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени