Утре истекува рокот за поднесување на изборните листи до ДИК

Финишира процесот за промоција на кандидатските листи за пратеници од страна на учесниците на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Согласно роковникот за подготовка на изборите, на 2 април на полноќ истекува рокот за нивно поднесување до Државната изборна комисија.

Изминатиот викенд промоции на листите за пратеници одржаа СДСМ и Коалицијата за европска иднина, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Претходна вест181 санкционирани возачи во Скопје, 117 за брзо возење
Следна вестЕрдоган призна пораз и вети дека ќе ги исправи грешките во следните четири години