Во Скопје, утре, ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу македонската и косовската влада.
Од тие причини од МВР информираат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје.
Полицијата апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.