Утре во Ѓорче Петров манифестација „На гости во Ханриево“

Во рамките на Деновите на Општина Ѓорче Петров, в недела од 12:00 до 14:00 часот, во реонскиот парк ќе се одржи манифестацијата „Од Бистра, преку Дервен, до Ханриево: на гости во Ханриево“.

– Станува збор за фолклорна манифестација на која три години во континуитет, односно веќе традиционално во Ѓорче Петров, по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат нашето богато фолклорно наследство. Целта е да се поттикне интересот кај најмладите за негување и за зачувување на македонската традиција, соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Притоа, ќе може да се проследат настапите на детските ансамбли на: КУД „ Гердан од бисери“ од Охрид, „Керамичар“ – Велес, на КУД „Димитар Беровски“ – Берово, „Орце Николов“ – Скопје, „Јонче Христовски“ – Скопје и ЕФЗ „Седум осмини“ – Скопје.

Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров.

Претходна вестДве постари лица во Скопје измамени со наводни сообраќајки на нивни блиски
Следна вестБугарска донација за општина Пустец, Колефски вели добредојдена е секоја помош што нема никаква заднина