Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради трката „Вози право, вози здраво“

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.

Притоа, стартната позиција на трката е од Порта „Македонија, десно вдолж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до крстосницата со ул.„Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Претходна вестКонкурс за 15. Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов
Следна вестМалолетник искасан од улично куче во Кисела Вода