Конечно: Утре ќе стасаат фамозните налепници „НМК“

Налепниците со фамозната ознака „НМК“ за возилата се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјави Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

Сега да очекуваме редици и нервози и за тоа како за наметнатите промени на личните документи?

Ултиматумот на владата на ДУИ и СДСМ беше дека налепници треба да се стават до 12 февруари. Ама МВР и претходното раководство со лошата организација стокми налепниците да се готови дури на 9 фабруари. Апсурди. А следи и викенд.

Хаос. Просто човек да се запраша дали ваквите работи во 5 до 12 се прават намерно.

 

Претходна вестСенатот на САД не го изгласа предлог-законот за помош на Украина и Израел
Следна вестВелат дека нема пари за студенти и плати, а трошат 19 милиони евра за апарати за коцкање, велат од ВМРО-ДПМНЕ