Утринска умерена облачност, попладневен повремен дожд

Во Скопје денеска претпладне ќе умерено облачно време, попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Времето претпладне во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. 

Претходна вестПочина Тони Баталаков, солист, педагог и поранешен директор на МОБ
Следна вестПолициски час од 21 часот, се отвораат и терасите на кафеаните и кафулињата