Утрово послаб земјотрес во Скопје

Во Скопје и околината утрово е почувствуван земјотрес со магнитуда од 2 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 9 часот и 48 минути од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа.

Претходна вестДали Владата ќе почне сериозно да штеди?
Следна вестИзгоре возило што го користела сопругата на Шилегов, ќе се истражува дали е намерно запалено