Ужас: Дванаесетгодишно дете прободено во грбот со остар предмет кај Зелено пазарче

Дванаесетгодишно дете е прободено со остар предмет кај Зелено пазарче во Скопје, соопшти МВР.

-Инцидентот се случил вчера вечер во 19.59 часот. Во полиција било пријавено дека на плочник во близина на Зелен пазар, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице, се наведува во информацијата на полицијата.

Малолетникот бил пренесен во Градска општа болница „Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестГи слушна ли власта и судството барањата од протестот „Правда за Кољо“?
Следна вестДржавата затајува во преземање на ефикасни мерки за превенција на семејно насилство