Тетовчанец е приведен од страна на полицијата под сомнение дека ја силувал сопствената ќерка.
МВР информира дека на 27.06.2024 во 16.50 часот во СВР Тетово 31-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.
-На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.