Вакцинирани 88 пратеници, останатите дополнително

37

На неодамнешната имунизација вакцини против корона вирусот примиле вкупно 88 пратеници, соопшти денеска Талат Џафери, претседател на македонскиот парламент. Освен нив вакцинирани се и околу 200 вработени во собраниските служби.

-Втората доза од вакцината Спутник В, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно. Оние пратеници кои не се вакцинирани, како и вработени од Служба за општи и заеднички работи дополнително ќе бидат вакцинирани, информира Џафери.

Тој најави дека потоа ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести седниците да ги одржуваат во пленарната сала на Собранието.

Во соодветен термин ќе бидат и ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од Службата за општи и заеднички работи кои се распоредени на работа во зградата на Собранието.

Претходна вестЏафери до Мицкоски: Нема политичка клима за ВМРО-ДПМНЕ да дејствува со повеќе пратенички групи
Следна вестЛидерите договараат или канта тропа: 28 закони и натаму се блокирани со амандмани