Лидерите договараат или канта тропа: 28 закони и натаму се блокирани со амандмани

И покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии и разговорите на Заев со Села и Гаши, 28 закони се под амандманска блокада.

Според анализата на претседателот на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ блокираат шест, Алијанса за Албанците и Алтернатива 21, а Левица еден закон.

За 5-ти мај, Џафери рече дека ќе закаже неколку седници на кои дебатата е завршена и е останато само гласањето, дел се закони во прво читање, а дел во второ. Следната редовна седница на Собранието ќе биде закажана на 18 мај.

Ако договориле, имаат координатори тука нека седнат нека кажат што договориле и во која постапка да се одблокира она што е блокирано, рече денеска Џафери. Дали тој како претседавач на парламентот е некогаш причина за спорото – нефункционално работење на Собранието, не беше соопштено.

Претходна вестВакцинирани 88 пратеници, останатите дополнително
Следна вестЗа Велигден и Рамазан без полициски час, но со редари