Полицијата скротувала „незгодни пешаци“ по скопските улици

Мошне голем број од 50 пешаци се казнети вчера од страна на полицијата на скопското подрачје поради најразлични сообраќајни прекршоци. Во соопштението на МВР не се наведува дали причината за вака голем број на санкционирани граѓани, односно, дали имало посебна акциска контрола фокусирана само за нив.

Инаку, во секојдневните контроли полицијата вообичаено дневно изрекуваше санкции на мал број пешаци, во просек, пет до десет, а факт е дека голем број на скопјани се „незгодни пешаци“ со малку сообраќајна култура. 

Во соопштението на МВР се наведува дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки.

-Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, четири за возење без возачка дозвола. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли и 36 санкции за непрописно паркирани возила, се наведува во информацијата.

МВР уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестНајнова најава на Шилегов за градба: Два кружни тека, подвозници…
Следна вестАрачиново виа Свети Николе: Организирана криминална група тргувала со оружје и дрога, меѓу нив и полицаец