За Велигден и Рамазан без полициски час, но со редари

Верските лидери за Велигден и Рамазан Бајрам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезе и обврската тие да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките.

– На состанокот со верските лидери, тие зедоа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче.

Претходна вестЛидерите договараат или канта тропа: 28 закони и натаму се блокирани со амандмани
Следна вестНајнова најава на Шилегов за градба: Два кружни тека, подвозници…