Темно Режим Светло Режим

Валон Етеми го засили Коњаспор

Maкедонскиот фудбалер и повремен репрезентативец, Валон Етеми го напушти Истанбулспор, но ќе продолжи да игра во Турција во дресот на Коњаспор.

Етеми пристигнува во турскиот прволигаш на позајмица до крајот на сезоната, меѓутоа клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Во турскиот фудбал Етеми е од 2021 година и до овој момент на 95 натпревари постигна 20 голови.

Advertisement

 

Етеми во новиот клуб ќе настапува со бројот 72 на грбот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Уапсена мајка,целосно ја запуштила својата малолетна ќерка

Следниот Пост

Внимателно во близина на училиштата и градинките