Валон Етеми го засили Коњаспор

Maкедонскиот фудбалер и повремен репрезентативец, Валон Етеми го напушти Истанбулспор, но ќе продолжи да игра во Турција во дресот на Коњаспор.

Етеми пристигнува во турскиот прволигаш на позајмица до крајот на сезоната, меѓутоа клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор.

Во турскиот фудбал Етеми е од 2021 година и до овој момент на 95 натпревари постигна 20 голови.

 

Етеми во новиот клуб ќе настапува со бројот 72 на грбот.

Претходна вестУапсена мајка,целосно ја запуштила својата малолетна ќерка
Следна вестВнимателно во близина на училиштата и градинките